ВМРО-ДПМНЕ го објави текстот на резолуцијата со која бара државен консезус во однос на преговорите со Бугарија, по примерот на бугарската национална позиција.
Партијата ќе ја поднесе резолуцијата во Собрание, а во неа бара преговорите со бугарија да се водат на рамноправна основа, со почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.
Да се почитуваат сознанијата на македонската наука околу автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен континуитет.
Да се уважуваат сознанијата, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалекти имаат просторен и временски континуитет.
Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на обединетите нации за правото на самоопределување и да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.
ВМРО-ДПМНЕ ќе побара со оваа резолуција, собранието да ја обврзе владата и сите институции во надворешната политика да постапуваат според овие позиции.

СДСМ со реакција – Очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени
Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание, велат од СДСМ.
