Зелената партија ДОМ на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти, соопштуваат од партијата.
Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти. Централниот одбор за шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
