Македонија Топ вести

Дел од општинските организации на на ДОМ сметаат дека “одлуката” за коалицирање со ЛДП и ДС е нелегитимна

„Општинските организации Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Пробиштип, Кочани, Берово, Делчево, Лозово, Радовиш, Дојран, Кисела Вода, Аеродром и Куманово, се оградуваме од нелегитимната и не статутарната “одлука” за коалицирање со ЛДП и ДС“, објавува  општинската организација на ДОМ од Велес.

  • Денес без кворум се овозможи да гласаат  луѓе што не се членови на централниот одбор. Не беше дозволено да добиеме увид во списокот за да се сокрие нелегитимноста и нестатутарноста на “одлуката”. Ова демонстрира дека Претседателката нема коалициски капацитет бидејќи нема поддршка од 2/3 од општинските организации, велат од велешкиот огранок.

Според ДОМ Велес денешните случувања се продолжување на насилството што врз своите членови го прави актуелното претседателство.

Инаку, пред три дена, Пратеникот на ДОМ. Мирослав Богдановски си поднесе оставка од функцијата пратеник. Се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје. Богдановски е уеверн дека ќе биде попотребен во градската инспекција отколку во Собранието. За Телма вели дека оставката ја поднел вчера и се уште не разговарал со претседателката на партијата Маја Морачанин, со која и онака немал добра соработка.

Раздорот во ДОМ кулминираше минатиот месец, кога беа разрешени потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Двајцата беа дел од иницијативата за вонреден конгрес, но Централниот одбор ја прогласи за нелегитимна и на обајцата им изрази недоверба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зајкова: Вистински патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа – преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ

Tea Dimkovska

ДУИ: На самитот на НАТО во Турција нема ниту еден Албанец во државната делегација

Tea Dimkovska

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе