Џејмс Вилијам Пердју, поранешен дипломат во администрацијата на Бил Клинтон и Џоорџ Буш и слушбеник на разузнавачката служба на војската на САД, почина во средата (2. јуни) на 77-годишна возраст, објави Арканзас онлајн. Причината за смртта не е објавена.
Македонската јавност го памети Пердју како американски преговарач во рамките на Охридскиот рамковен договор во 2001-та година, а тој беше и заменик специјален советник на претседателот и државниот секретар за демократија на Балканот за време на судирите на Косово.
Џемс Пердју го претставуваше министерот за одбрана во американскиот преговарачки том за Дејтонскиот мировен договор, а раководеше и со програмата за воена обука и опрема за БиХ од 1996-та до 1999-та година.
За време на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, беше амбасадор на САД во Бугарија од 2002-ра до 2005-та година.
Роден е во Мемфис, а пораснал во Џоунсбор, дипломирал на Државниот универзитет Арканзас, по дипломирањето 28 години бил воен разузнавач и имал чин полковник.
Служел во Германија, Турција, Јапонија, Виетнам.
