На Клиниката за кардиохирургија во Скопје во тек е експлантација на срце која ја прават кардиохирурзите д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, јизвести министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил.
Претходно од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.

Процесот почна во 6.33 часот изутринава, откако доцна синоќа националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска заедно тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направија подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
