Свет

Истрагата ќе ја открие причината за несреќата на жичарницата во Италија

Италијанскиот министер за транспорт Енрико Џованини вети дека истрагата ќе ја утврди причината за вчерашната несреќа во која загинаа 14 лица, откако се скина кабел на жичарницата до врвот Мотароне. Џованини изјави дека целта на истражната комисија ќе биде ваква трагедија никогаш повторно да не се случи.

Заедничка задача на сите институции е да се осигуриме дека ова никогаш повторно нема да се случи, но исто така и да им се помогне на оние кои беа лично погодени. Му се заблагодарувам на градоначалникот што денеска прогласи ден на жалост. Јасно е дека оваа заедница е тешко погодена, особено во време кога започнуваше нов почеток, ново отварање, како и остатокот на земајта. Оваа заедница во изминативе часови покажа неверојатно чувство за одговорност и вклученост, изјави џованини.

Според италијанските власти, единствениот преживеан од кабината е едно 5 годишно дете од израелско потекло, кое со родителите живеело во Италија. Израелското министерство го идентификува како Ејтан Биран, а во несреќата загинале двајцата негови родители, помалото братче и дедо му и баба му. Според италијанските медиуми, сите останати загинати се државјани на Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Чудо во Венецуела – осум дена по катастрофалните земјотреси, 43 годишен маж извлечен жив од урнат подрум

Дејан Дејан

Гори над 800 хектари шума, евакуирани повеќе од 150 луѓе – голем пожар на југот на Франција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе