Свет

Хуманитарната помош започна да пристигнува во Газа

Првите конвои хуманитарна помош пристигнаа во Газа, набргу откако прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас стапи на сила.

Илјадници Палестинци се вратија во своите домови наидувајќи на слики на страотно уништување од жестокото бомбардирање од израелската авијација.

Според проценките на палестинските власти, за реконструкција на уништувањето ќе бидат потребни повеќе години.

Повеќе од 250 луѓе беа убиени во 11 дневните судири а најголем број од нив се од Газа. По објавувањето на веста за примирјето, двете завојувани страни, Израел и Хамас, прогласија победа.

Камионите од различни хуманитарни организации, вклучувајќи ги и оние поврзани со ОН, започнаа да ги носат неопходните лекови, храна и гориво во Газа, откако Израел го отвори преминот Керем Шалом.

Повеќе од 100 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Газа, додека речиси 800 000 луѓе останале без пристап до вода за пиење.

Палестинските претставници проценуваат дека 10-тици милиони долари ќе бидат неопходни за санирање на штетата во регионот.

Под жесток притисок е и здравствениот систем во Газа, каде во бомбардирањето биле оштетени 30-тина здравствени институции  а една клиника била целоносно уништена.

“Навистина има потврдени значајни потреби за третман на повредените, бројните смртни случаи и повредени луѓе ги преполнуваат болниците. Како што знаете, 257 луѓе ги загубија животите , но има и 8538 повредени ширум палестинските окупирани територии на кои им треба значителна помош” – изјави портпаролот на СЗО, Маргарет Харис.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден оцени дека решението за постоење на 2 држави е единствениот начин да се надмине конфликтот, додавајќи дека не може да има мир доколку земјите во регионот недвосмислено не го признаат правото на Израел да постои.

Бајден тврди и дека Соединетите држави ќе ја организираат меѓународната заедница за обновата на Газа.

“Се молам дека примирјето ќе остане на сила. Му верувам на Биби Нетанјаху кога ќе ми даде збор, му верувам на ветувањето. Тој никогаш досега не ги прекршил ветувањата кои ми ги дал. Јас и јасно ставив до знаење дека е од суштинско значење и Палестинците од Западниот Брег да бидат безбедни, Абас да биде признат за лидер на Палестинците, бидејќи Хамас се терористичка организација” – изјави Бајден.

Вчера се случи и првиот посериозен тест на примирјето, кога избувнаа судирите пред комплекстот Ал-Акса по петочните молитви. Израелската полиција употреби шој бомби и гумени куршуми против демонстрантите , кои ги каменувале полицајците. Најмалку 20 палестинци се повредени.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Шкотска има нов премиер, втор во рок од една недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе