Двајца работници од Тајланд се убиени во последниот напад на милитантите на Хамас врз израелска фабрика за амбалажа на југот на земјата. Во нападот се повредени уште седум луѓе, соопшти израелската полиција. Тајландскиот премиер е длабоко загрижен, бидејќи повеќе од 25.000 тајландски мигранти се работници на израелските плантажи. Милитантите од Газа втора недела со ред лансираа илјадници ракети врз цивилни цели во Израел, на што Израел одговора со воздушни напади.
Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц денеска изјави дека израелските одбранбени сили продолжуваат со нападите врз Хамас, која е терористичка група и борбата нема да престане се до целосен мир.
Иако администрацијата на Бајден ја одобри потенцијалната продажба на најсовремени американски проектили на Израел, вредна 735 милиони долари, Блинкен декларативен во заложбите за прекин на огнот.
Мислам дека знаете дека претседателот Бајден разговараше вчера со премиерот Нетањаху и ја изрази нашата поддршка за прекин на огнот. Повтори дека Израел, како и секоја земја, има право да се брани од ракетните напади и нагласи дека Израел треба да ги направи сите напори да ги заштити своите цивили. Исто така ја нагласив потребата од итно запирање на насилството во моите вчерашни разговори со партнерите во Ираел, ОАЕ, Јордан, Тунис, ЕУ и повторно утринава со моите колеги во Мароко и Бахреин, истакна Ентони Блинкен, американски државен секретар.
Во истовреме населението во градот Рафах на југот на Газа е соочено со нова експлозија во фабрика за бои, за која веруваат дека е предизвикана од израелски воздушен напад. Тие се бореа со огненанта стихија во обид да ги оддалечат запалливите боци со боја од пламенот. Бројот на жртвите во Појасот Газа надмина 200, а половината се жени и деца. ОН јавуваат за бројка од 48.000 луѓе кои бараат засолниште во училишните згради.
Голем е бројот на повредените кои демонстрираа по улиците за окупираниот Западен брег, тие палеа гуми и скандираа против Израел, а некои со камења ја гаѓаа израелската војска, која одговори со проектили и солзавец. Палестинци демонстраа и во други градови ширум Израел, додека во воздушниот простор беа истрелани бројни ракетите. Војната во Газа нема знаци на брза разрешница, а уличните насилства се повеќе се интензивираат.
Билјана Ставрова
