Македонија Топ вести

МВР: Лажна вест е дека имало престрелка во Ченто

Министерството за внатрешни работи демантира дека синоќа имало престрелка во скопската населба Ченто како што објавија дел од медиумите.

Во соопштението од МВР се наведува дека се работи за сообраќајна незгода, а не за престрелка.

Дел од порталите шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали, туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации, се наведува во соопштението од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Само два од 13 примероци вредни за анализа – вештачење на алуминиумските фолии во кои беа завиткани парите пронајдени соѕидани во домот на родителите на Ѓоко Ристов

Дејан Дејан

Родот во струмичките села уништен по силното невреме – најмногу настрадаа лубениците

Sonja Petrusevska

Ѓорѓиевски со апел до граѓаните: Ако има потреба од отштета, обратете се до Град Скопје, ќе помогнеме

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе