Македонија Топ вести

СДСМ на дигитален конгрес ќе бира нови органи

СДСМ во недела ќе одржи дигитален конгрес на кој ќе се бираат нови органи. Се најавува ново кадровско освежување кое ќе биде предложено од   претседателот на партијата Зоран Заев. Негираат дека има незадоволни членови, а поднесувањето на паралелни советнички листи го оценуваат како демократија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во недела лично ќе ги предложи неговиот заменик и потпретседателите на партијата. Не откриваат кој ќе ја замени Радмила Шекеринска која најави дека нема да се кандидира за нов мандат, но убедени се дека тоа ќе биде личност во која Заев има голема доверба. Неизвесно е дали досегашните функции ќе ги задржат и четворицата потпретседатели, Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски и Мухамед Зекири. Ќе се бира и нов Централен одбор од 120 членови.

Иако неодамна Заев најави дека раководството ќе  разговара за незадоволството на одредени членови и најавата за паралелни советнички листи на локалните избори, што тој го оцени како примена порака , од партијата уверуваат дека биле сплотени.

За само еден месец се случија низа превирања во владејачката партија. Радмила Шекеринска се дистанција, Стојко Пауновски доби отказ затоа што се спротистави на рамковните вработувања.

Поранешни пратеници и универзитетски професори отворено проговорија за начинот на менаџирање со партијата.Охрид, Центар,Куманово се само дел од општините во кои незадоволни членови и поранешни високи функционери на СДСМ најавија дека ќе поднесат независни советнички листи. Тие веќе работат на терен а не ја исклучуваат и можноста по локалните избори да формираат и нова политичка партија.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе