Македонија Топ вести

На Шар планина има околу 90 дивоградби

Токму кога е започната постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк, Собранието изгласува Закон кој предвидува легализирање на сите дивоградби изградени до денот на стапување на сила на овој закон, дури и во заштитени подрачја, со дозвола од надлежен орган.

Најголем дел од граѓаните ги почитувале законските прописи при градењето, но според невладините организации на Шара има околу 90 дивоградби. Се очекуваше да се стави крај на бесправното градење со прогласувањето на Шар Планина за национален парк, но со новиот закон ќе се овозможи легализација во заштитени подрачја.

Градежниот инженер и граѓански активист, Валентин Тасески, вели дека ова законско решение е контрадикторно, односно дополнение на нашата општа неподготвеност да се справиме со дивоградбите. Според него веќе постоечките бесправно изградени објекти на Шар Планина нанесуваат големи штети, но позитивен исчекор е пенализирање на новите, како и измените во законот за градба, со кои инспекциската служба и секторот за урбанизам треба да биде присутен за да се спречи бесправното градење.

А според законот кој помина во Собранието, нема државно земјиште кое е заштитено од дивоградба. Покрај националните паркови опфатени се и природните резервати како и изворите на вода. Хациенди, базени, куќи, згради, доградби, надградби, и гаражи. Сето ова сега ќе може да се легализира. За викендичките и платформите на Матка, дивоградбите во трговските центри Мавровка и Бисер сопствениците ќе треба да платат 50 отсто повисоки комуналии и да станат легални сопственици.

Единствен исклучок е заштитениот појас на Охридското езеро, само поради статусот од Унеско.

Ако тоа не е доволно законот предвидува и запирање на започнатите уривања на дивоградбите и постапките за уривање како и сите активни кривични постапки.

Јавноста, невладиниот сектор, архитеките затечени и револтирани. Антикорупциска најави дека ќе го оспорат овој закон пред уставниот суд.

Данијела Билбиловска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

МЗ: За случајот со Токсикологија ќе се постапи согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори

Дејан Дејан

Советот на родители во ОУ „Димо Хаџи Димов“ вечерва ќе има вонредна средба на родители-ќе одлучуваат за насилниот ученик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе