Македонија

Невладините бараат од Пендаровски да не го потпишува указот на Законот за легализација на дивоградби

Невладини организации му пишаа на претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот на Законот за легализација на дивоградби.

Во образложението тие пишуваат дека законот е спротивен на темелните вредности на Уставот, за владеење на правото и уредување и хуманизација на просторот, и заштита на животната средина и природата.

Законот поттикнува мешање во ингеренциите на надлежните институции кои треба да се грижат за заштитата на животната средина, природата и здравјето на нашите граѓани.

Носење на вакви закони какви што имавме и во минатото, испраќа порака дека непланската градба и лошата градежна пракса можат да продолжат и понатаму, продолжуваат невладините и бараат од претседателот да го врати законот во собранието на измени и доработка.

Бараат законот откако ќе претрпи измени да се донесе по редовна постапка и со јавна расправа. На писмото се потпишани еко-свест, институтот за демократија- социетас цивилис, институт за комуникациски студии, зелен институт и други.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иселувањето го испразни скопско Раовиќ, жителите се надеваат дека еден ден нивните најблиски ќе се вратат назад

Дејан Дејан

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе