Македонија Најважни

Заев на ФБ: Одлична средба со Мицотакис, од утре Евзони отворено за сите

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев непосредно по средбата со грчкиот премиер Мисотакис.

Планот на грчката влада за отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, ќе бидат презентирани вечерва на прес конференција.

Граничниот премин Богородица е подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција. Грција ќе го отвори туризмот утре, под слоганот „Се што сакаш е Грција“, со почитување на здравствени протоколи.

Границите со Грција беа затворени повеќе од една година, од почетокот на пандемијата со корона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кузеска: Поплава со фекалии и страв од радијација на Онкологија

Дејан Дејан

За малолетничките кои тепаа и се изживуваа врз девојче во Аеродром и за нивните родители ќе има кривични пријави за насилство и запуштање на дете

Sonja Petrusevska

„Еуроњуз“: ЕУ ќе ги пренамени средствата за земјите од Западен Балкан со најмногу реформи-меѓу нив е и Македонија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе