Македонија Топ вести

Борел: Немаме намера да ги одвоиме Северна Македонија и Албанија

Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Западниот Балкан за прв пат после две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи, соопшти Борел и додаде дека нема да дозволи да поминат повторно две години без да се дебатира за регионот – клучен за Европската Унија.

Во воведниот говор тој се осврна на Северна Македонија откако се појавија бројни шпекулации дека Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не се отстрани ветото на Бугарија.

-Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме Северна Македонија и Албанија, изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

Борел нагласи исто така дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.

На прашање на МИА дали блокадата за Северна Македонија ги декредибилизира обидите на ЕУ да биде попристуна на Западен Балкан, Борел одговори дека двете страни треба итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.

-Имавме разговор за ова денес, ја слушнавме Бугарија и ги охрабруваме двете страни итно да изнајдат заеднички прифатливо решение. Условите се исполнети, земјите членки се одлучија да ги отворат преговорите за Северна Македонија и се надеваме дека Меѓувладината конференција ќе се свика што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка, министрите за надворешни работи на земјите членки се заложија да туркаат силно за свикување на првата Меѓувладина конференција и да ја усвојат рамката, изјави Борел попладнево на прес – конференцијата по Советот за надворешни работи на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Дејан Дејан

Кривични пријави против четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишното девојче во Аеродром

Tea Dimkovska

По неполни два месеца повторно се менува Законот за студентски стандард – се воведува забрана за домување и до пет години при поголем прекршок

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе