Македонија Најважни

Пратениците во скафандери го прекршија протоколот за заштита од заразни болести

Собранието во ноември од Министерството за здравство побарало пратеници кои се во домашна самоизолација, а немаат симптоматологија на Ковид -19 можат да присуствуваат на собраниска седница  и да го остварат своето право за гласање. Ова е објаснувањето на првиот човек на собранието, Талат Џафери зошто двајца пратеници во скафандери денеска пристигнаа во Собрание за да обезбедат кворум за работа на Собранието.

Сепак во барањето од Собранието не е е предвидено пратеници позитивни на коронавирус да можат да присуствуваат на седница, за што е предвидено на влез да имс е мери темперетура.

Ова го пробелматизира присутвото на двајцата прартеници во Собранието, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои во скафандери и со возило на брза помош пристигнаа таму, а  кои се потврдени дека се позитивни на коронавирус и кои не се во замоизолација, туку се во домашна изолација како заболени со коронавирус. Телма побара одговор од ДСЗИ по кој протокол им е дозволено движење на пратеници и пристуство во Собранието, од каде одговорија дека постојат протоколи за вакво нешто, но без детали кога се точно усвоени.

ДСЗИ: „Собранието на РС Македонија има донесено протоколи кои Комисијата за заштита на населенито од заразни болести ги има одобрено, а ДСЗИ ќе постапува во рамките на своите наделжности“,

Телма побара одговор и од владата за тоа кога е донесен Протокол за работа на Собрание и можност за учество на пратеници со Ковид 19 на седница на Собрание и каде се достапни за јавноста, а од МВР пак дали пратениците со Ковид-19 кои присуствуваат на Седница на Собранието побарале дозвола или најавиле напуштање на домот и дали е тоа одобрено од МВР, но и како ќе постапи МВР доколку со нивното присуство во собранието се кршат протоколите за заштита на насленеито од заразни болести . До почетокот на овие вести не добивме одговор ниту од Владта, ниту од МВР.

Инаку непостапување според здравствените прописи и протоколи во време на  нандемија ќе бида казнето со парична казна или со затвор до една година. Ова е предвидено со член 205 и 206 од Кривичниот закон. Инаку двајцата пратеници беа сместени во посебни простории во Собранието од каде ја следеа седницата и гласаа за законите, со цел да го надополнат недостигот на кворум на владеачкото мнозинство за работа на Собранието за да се донесе петтиот пакет финансиска помош за стопанството.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Собранието го извиси народниот правобранител- не ги изгласа законски измени за поголеми ингеренции и финансиска независност

Дејан Дејан

Само производите со 5 отсто ДДВ да бидат со ограничена маржи, Стопанска комора бара измени во листата од министерот Бектеши

Дејан Дејан

Покрај Скопје, Тетово и Штип и Битола ќе добие Медицински факултет, битолчани велат – Џабе го школуваме тој кадар кога не ги задржуваме тука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе