Формирање владин кабинет не е возможен без ГЕРБ, партијата на трикратниот премиер Бојко Борисов, кој повеќе од 10 години е на власт. А четири клучни партии веднаш по објавувањето на плериминарните резултати најавија дека не сакаат да коалицираат со ГЕРБ. Коментарите на аналитичарите се сосема различни од тоа дека нема влада без Борисов, до тоа дека трите обиди да се формира владина коалиција ќе завршат без успех и дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
Изненадување на овој изборен ден се засега 41 мандат кои ги освои бугарскиот водител и пеач Слави Трифонов со неговата партија „Има таков народ“, кој како фаворит на младите освои 17% од гласовите. Аналитичарите велат дека преку оваа партија анонимуси ќе влезат во народното собрание, за кои никој до сега не слушнал ништо, а нивното однесување не може да се предвиди.
Тој пред малку на Фејсбук напиша дека има симптоми на коронавирус и затоа не се појавува јавно. „Јас сум во изолација и чекам на резулататите по неопходните истпитувања. Но тоа не е важно, важно е тоа што се случува денеска. Важно е тоа што го направивте вие денеска. Вие сте победници. Промената е неизбежна“, напиша Трифонов на ФБ.
Седум партии влегуваат во бугарскиот парламент, според проекции на бугарските агенции. Побердник е партијата на премиерот Бојко Борисов ГЕРБ која освои 24,5 отсто од гласовите, односно околу 70 пратенички мандати, што може да смета и за своевиден пораз бидејќи во предходниот состав тој имаше 95 свои пратеници. Главната опозициска сила во Бугарија Социјалистичката партија предводена од Корнелија Нинова освои 16,8 отсто, што значи преполовување на бројот на пратениците. Но, како стигнуваат резултатите така се понеизвесно е која е втората партија што освоини мнозинство гласови, дали на социјалистите или онаа на пејачот Слави Трифонов.
ВМРО на Красимир Каракачанов освои повеќе од 4,4% од гласовите што значи го помина прагот за влез во парламентот со 11 свои пратеници. Тој се уште не прогнозира со кои партии ќе преговара за можна коалиција. Според него ако не се надмине политичкиот егоизам и борбата за власт не може да се зборува за грижа за народот.
Пандемија, демогравска катастрофа, приходите, маргинализираните, се главните проблеми со кои е соочена идната бугарска влада.
6,5 милиони Бугари имаат право на глас од нив повеќе од 40% гласаа денеска. Седум од 30-те партии и коалиции ќе ги делат 240-те места во националното собрание.
Изборите се случуваа после година полна со антвладини протести и корупциски скандали во најсиромашната држава во ЕУ.
Билјана Ставрова
