Македонија

Потребно е допрецизирање на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Институции кои поседуваат информации од јавен карактер, не одговараат на барањата, повикувајќи се на петте исклучоци од Членот 6, од новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Исклучоците се однесуваат на класифицирани информации, лични податоци, информации кои би ја повредиле доверливоста на даночната постапка, или се составени за различни истраги или ги загрозуваат правата од индустриска или интелектуална сопственост.  Дел од нив треба да се допрецизираат за да не се злоупотребуваат од институциите, велат од Агенцијата за слободен приспат до информациите од јавен карактер.

Слабост е недоволната прецизираност на тестот на штетност. Значи , најчесто се повикуваат на еден од исклучоците и само напоменуваат дека е спроведен тестот. Меѓутоа не го образложуваат спроведениот тест, вели Пламенка Бојчева- директорка на АСПИЈК.

Со ист број добиени жалби годинава, како и минатата година, од Агенцијата  посочуваат дека состојбата е непроменета. Добиле повеќе од 200 жалби од организацијата ЕСЕ за неодговорени барања за пристап до информациите, упатени до здравствените установи.

Констатацијата е дека 80-85% од примените жалби се поради молчење на управата. Најчесто , реагираат откако ние ќе ја доставиме жалбата на одговор , согласно Законот за општа управна постапка, додава бојчева.

По испратени 460 барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер , во првите шест месеци од примената на Законот, анализата на Центарот за граѓански комуникации , покажала дека само на 51% од поднесоците било одговорено во законски рок.

Институциите одговориле во законскиот рок од максимални 20 дена, на 51% од барањата, а 48% не одговориле во рокот, а 1% воопшто не одговориле, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Споредбата на месеците, пред и по почетокот на пандемијата , не покажала големи разлики во транспаретноста. Пред појавата на корона вирусот 56% од институциите одговориле во законскиот рок, а за време на пандемијата 46% од нив, рече Филков. Според него потребно е институциите сами да ги објавуваат информациите , за да се намали притисокот со испраќање барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Законот треба да вклучи и изрекување прекршоци и глоби за раководните тела на нетранспарентните  институции, рекоа учесниците на дебатата.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Муцунски до Георгиев: Жалиме што нема унапредување на односите поради билатералните спорови

Дејан Дејан

Георг Георгиев: Градењето добрососедство бара доверба, отворен дијалог и исполнување на обврските

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе