Најважни

Институтот за национална историја со категорична осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историја

Институтот за национална историја остро реагира на актуелната состојба во  која како што велат цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се бара  целосна ревизија на историјата на
македонскиот народ и нација. Во соопштението испратено од институтот се вели дека – евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии. Сметаат дека историјата и нејзината интерпретација не смее да се доведуваат во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да се условени од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи.
Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и
идентитетот, пишува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За врсничкото насилство кое ја згрози јавноста ќе одговораат две девојчиња и две момчиња по Законот за малолетничка правда

Дејан Дејан

Трамп: Примирјето со Иран е завршено за мене, им рековме одете и направете ги своите погреби, тие почнаа да пукаат кон бродови

Sasko Dimovski

Даниела Димовска едногласно избрана за претседателка на Кривичниот суд

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе