Најважни

30 нови жртви, 1160 пациенти – високи 41% од тестираните позитивни на корона вирусот

Ковид зеде 30 нови жртви. Изминатото деноноќие било кобно за 9 пациeнти од Скопје. Црн ден и за Битола. Градот изброи шест нови жртви на Ковид.

Тројца од починатите се од Гостивар, по двајца починати има во Куманово и во Делчево, а по една жртва регистрираа и Штип, Велес, Гевгелија, Струмица, Кочани, Кратово, Кичево и Неготино. Арармантен е процентот и на новозаразени. Во битка со вирусот влегоа 1160 пацинети или 41 процент од тестираните изминатото деноноќие.

Скопје изброи најмногу нови случаи – 472. Битола е втора на листата и по бројката новозаразени- 87, Прилеп има 78 нови случаи, Тетово 61, Куманово 58, Охрид 47, во Штип 43-ца новозаразени, Струмица 39, Велес и Кавдарсци имаат по 32 нови случаи, Струга избори 29, Кичево 26. Во моментот има безмалку 21 илјада активни случаи.

Во продолжение соопштението на Министерството за здравство:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти од: Скопје-560, Куманово-55, Дебар-5, Штип-32, Прилеп-59, Тетово-51, Струга-22, Велес-35, Битола-47, Охрид-38, Кавадарци-31, Гостивар-26, Гевгелија-5, Струмица-17, Крива Паланка-11, Радовиш-13, Крушево-3, Кочани-18, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-8 ,Кичево-16, Ресен-4, Неготино-18.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 25706, активни 10039
• Куманово 3599, активни 940
• Дебар 440, активни 84
• Штип 2553, активни 536
• Прилеп 2844, активни 1040
• Тетово 3701, активни 977
• Струга 1362, активни 412
• Велес 1841, активни 704
• Битола 1897, активни 839
• Охрид 1506, активни 605
• Кавадарци 1144, активни 436
• Гостивар 2319, активни 856
• Гевгелија 694, активни 224 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1636, активни 600
• Крива Паланка 409, активни 116
• Радовиш 406, активни 111
• Крушево 118, активни 69
• Кочани 1202, активни 303
• Пробиштип 345, активни 82
• Демир Хисар 195, активни 93
• Македонски Брод 161, активни 43
• Пехчево 96, активни 26
• Берово 347, активни 97
• Валандово 201, активни 73
• Виница 362, активни 171
• Делчево 425, активни 187 (117 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 150, активни 63
• Свети Николе 787, активни 221
• Кичево 1203, активни 500
• Ресен 442, активни 187
• Неготино 517, активни 280 (57 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2864 теста се преку: ИЈЗ-722, ЦЈЗ Скопје-85, Авицена-386, Биотек-280, МАНУ -255, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина со PCR метода -187, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-142, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-59, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -448, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 632
• Гази Баба – 1488
• Аеродром -1460
• Карпош – 1166
• Центар – 1142
• Кисела Вода – 1235
• Ѓорче Петров – 877
• Бутел – 573
• Шуто Оризари – 211
• Студеничани – 50
• Сарај – 159
• Арачиново -33
• Илинден – 247
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 98
• Петровец –131
• Зелениково -85
• Странец – 181
• Нераспределен- 208

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Тенкиот паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе