Ковид19 Македонија Топ вести

Вонреден надзор на ДСЗИ во битолската болница по објавените фотографии на кои во иста соба се чуваат живи и мртви пациенти

По објавувањето на вознемирувачките фотографии од битолската болница на кои се гледа како во иста соба се чуваат двајца починати пациенти додека на уште двајца пациенти им се дава инфузија и жестоките реакции кои следуваа во јавноста, министерот за здравство, Венко Филипче, побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во оваа здравствена институција.

Претходно, директорката на клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска, го информирала министерството дека двајца пациенти починале додека друг хоспитализиран пациент примал инфузија.

Таа при тоа се повикува на членот 272 од Законот за здравствена заштита, кој одредува дека “преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето”. Затоа, тврди директорката, телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница.

Сепак, нема објаснување зошто безживотните тела не биле пренесени во посебна просторија, ниту пак зошто пациентот кој примал инфузија, не бил отстранет од таа болничка соба или пак барем зошто не биле одделени со паравани.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе