Ковид19 Македонија Најважни

Седница на Главниот штаб за управување со кризи

Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат.

Како што изјави за МИА в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

-Ние веќе добивме од Министерството за здравство план на објекти кои треба да се обезбедуваат. Ќе го разгледаме и ќе го дадеме на МВР да го операционализира. Ќе побараме од соодветните служби на Министерството за внатрешни работи, во делот на обезбедување да изготват план – дали се прифаќаат сите точки, дали е доволно покривање во една смена или 24 часа. Врз основа на тоа, ќе предвидат луѓе кога би ротирале во три смени. Тогаш ние ќе ја имаме вистинската слика, објасни Ангелов.

Акцискиот план, потсети, се уште не е поминат и одобрен од Управувачкиот комитет, затоа не може да се процесуира, а треба да помине и на Влада.

-Тоа не значи никакво пролонгирање. Но, Владата носи конечна одлука и врз основа на тоа, како и врз основа на закон и подзаконски акти претседателот ќе нареди употреба на Армијата, но без оружје. Армијата само ќе и асистира на полицијата и не смее самостојно да презема дејствија без полициски службеник со полциски овластувања. Армијата служи за обезбедување на стратешките објекти, на здравствените објекти и магацините од делот на здравството кои имаат лекови, опрема и други медицински материјал, ќе му биде поддршка на здравството да може да функционира безбедно. Сакаме да превенираме за сите да се чувствуваат безбедно, и пациентите и докторите и медицинскиот персонал, воопшто сите граѓани, објасни в.д. директорот на ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе