Само во Скопје за само едно деноноќие 35 луѓе завршија во болница поради компликации од корона вирусот.
По 10 на Инфективна и во 8-ми септември, другите се пратени на интерните клиники. А , оздравеле само девет пациенти.
Близу 500 ти луѓе се лекуваат во ковид одделенијата во главниот град , се бара болнички кревет плус, а помош се бара и од приватните болници.
Денеска Филипче е на средба со соптсвениците на Ремедика, Жан Митрев и Систина.
Дел од од нив се ставаат на раполагање, но како ќе го растоварат јавното здравство, и самите не знаат, бидејќи освен што се преполни, имаат и долги листи на чекање на ковид – болни.
До сега е познато дека поранешната болница Мала Богородица- Систина , или сега хотел Ибис стајлс е објекотот кој приватните болници му го понудиле на министерот Филипче како капацитет за државни потреби во прогласената кризна состојба.
Инаку, хотелот кој служеше како државен карантин на почеток на пандемијата во март , во моментов поради мерките има клуч на врата, па би можел да се прилагоди и да стане инфективно одделеније.
Слична е состојбата и надвор од главниот град, забрзано се полнат и болничките кревети во ковид одделеијата и во внатрешноста.
Па така во земјава речиси 1300 луѓе позитивни на вирусот се хоспитализирани, а има 20.485 активни случаи на вирусот.
Теодора Цветковска
