Ковид19 Македонија Топ вести

1.292 пациенти инфицирани со Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во државата

Бројот на заболени и хоспитлализирани расте капацитетите во болниците се намалауваат. 1292 пациенти позитивни или соминтелни на Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели низ болниците во државата,  соопшти министерството за здравство. Докторите кои секојдневно со месеци се борат со смртоносниот вирус преку видопорака алармираат дека Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива а целиот медицински персонал е преморен.

 Напливот на пацинети во ковид центрите продолжува. Поради компликации од болеста, за 24 часа хопситализирани  се 36 нови пациенти во главниот град а 31 оздравен се пуштени дома.  Од ново примените 19 мина се на интерните клиники, 11 во 8ми септември и 6 мина во инфективна.

Во инфективните оддели низ скопските болници лежат вкупно  467 пациенти, поголем дел се на кислородна поддршка а во цела држава има речиси 1300 пацинети кои се лекуваат болнички.  Најмногу 155 има во Инфктивната клиника во Скопје, 112 во прилепската болница, 110 во Охрид а по 106 ходипитализрани има во болниците во Куманово и 8 ми септември во Скопје.

Министерство за здравство: Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

За преполните ковид центри и тешката битка со ковид 19 сведочат и дел од докторите и медицинскиот персонал кои преку видео порака  порачаа дека се трудат ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита апелираат до граѓаните да се придржуваат  до препораките носење маска и дистанца.

Со оглед на темпото со кое се полнат болниците минситерството за здравство се подготвиува проширувцање на ковид центирте а со прогласување на кризна сстојба ќе се користат и ресурсите на приватните болници. Како државата ќе ги користи  овие ресурси, колку ке чини, кои услуги ќе ги покрива државата, кој пациент ќе биде хоситализиран во приватна а кој во државна клиника, треба да стане појасно утре закга има закажано состанок, втор по вчерашниот меѓу министерот за здравство со менаџерите на привантите болници

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе