Ковид19 Македонија Најважни

26 починати од Ковид-19 и нови 1.198 заболени последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани 1.198 новозаболени од Ковид-19. Направени се 3.081 тестирања, позитивни се 38,8 проценти од тестираните и процентот продолжува да биде висок. По градови новорегистрирани случаи има: Скопје-572, Куманово-41,  Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19,  Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5,  Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.

Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11,  Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1.423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 22.562, активни 9.479
  • Куманово 3.272, активни 924
  • Дебар 421, активни 86
  • Штип 2.296, активни 502
  • Прилеп 2.378, активни 968
  • Тетово 3.320, активни 978
  • Струга 1.179, активни 337
  • Велес 1.590, активни 754
  • Битола 1.581, активни 789
  • Охрид 1.297, активни 564
  • Кавадарци 969, активни 412
  • Гостивар 1.907, активни 628
  • Гевгелија 598, активни 208 (37 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1.454, активни 578
  • Крива Паланка 366, активни 119
  • Радовиш 365, активни 122
  • Крушево 88, активни 55
  • Кочани 1.083, активни 316
  • Пробиштип 305, активни 76
  • Демир Хисар 157, активни 66
  • Македонски Брод 136, активни 28
  • Пехчево 95, активни 32
  • Берово 306, активни 83
  • Валандово 160, активни 52
  • Виница 322, активни 160
  • Делчево 374, активни 166 (96 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 135, активни 73
  • Свети Николе 706, активни 217
  • Кичево 1.023, активни 426
  • Ресен 369, активни 138
  • Неготино 399, активни 250 (38 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.081 теста се преку: ИЈЗ-848, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-360, Биотек-287, МАНУ -329, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина со PCR метода -275, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-71, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -489, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 590
  • Гази Баба – 1.385
  • Аеродром -1.382
  • Карпош – 1.199
  • Центар – 1.157
  • Кисела Вода – 1.154
  • Ѓорче Петров – 779
  • Бутел – 513
  • Шуто Оризари – 166
  • Студеничани – 46
  • Сарај – 136
  • Арачиново -33
  • Илинден – 238
  • Сопиште – 63
  • Чучер Сандево – 106
  • Петровец –116
  • Зелениково -65
  • Странец – 165
  • Нераспределен- 186
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе