Началникот на Инфективното одделение, Дијана Шишкова се заблагодари на призннаието од Општина Штип, кое е за сите инфектолози, медицински сестри, болничари, хигиеничарки и технички персонал кои непрекинато работат на одделението од март.
– Последните осум, девет месеци ја војуваме битката со оваа болест, иако досега имаме поминато многу епидемии, меѓутоа оваа пандемија која е од светски размери трае многу долго и со тоа всушност е и тежината со таа борба. Мојот персонал работи пожартвувано, хумано, со сите сили за да помогне на луѓето кои се болни од оваа болест. Така да добивањето на нагрaдата ни значи мотив да успееме да лекуваме и пружаме помош на пациентите, вели Шишкова.
Забележува дека персоналот буквално живее во самата болница, а особено поради тоа што се само тројца инфектолози и медицински персонал, а кај нив пристигнуваат пациенти во тешка состојба не само од Штип, туку и од остантите општини од источниот регион.
– Саати не се мерат, сите се буквално посветени на оваа професија и прижаме помош, колку што можеме. Во овој есенски бран се забележува дека се зголемува бројот на луѓе кои се јавуваат во амбуланта и за жал помлада популација. Морам да кажам и да апелирам до луѓето да ги почитуваат мерките, вели Шишкова.
