Ковид19 Свет Топ вести

Кон: Следните денови во Србија ќе има по над две илјади новозаразени и двоцифрен број на починати

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија Предраг Кон утрово изјави дека се очекува бројот на заразени со коронавирусот да продолжи да расте во следните десет дена и може да достигне повеќе од 2.000 нови случаи на ден, како и дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 ќе стане двоцифрен.

Кон рече дека следната недела и „делумно неделата после неа“, ќе има повеќе од 2.000 новоинфицирани со коронавирус секој ден, пренесува Танјуг.

Тој како гостин на ТВ Пинк рече дека само во Белград има 980 случаи и дека тоа е зголемување од ден на ден.

Нема пауза ниту еден ден, тоа е класично експоненцијално зголемување. Тоа зголемување јасно покажува што ќе се случи најмалку во текот на оваа недела и дел од следната, рече Кон.

Тој изјави дека засега нема драматично зголемување на бројот на смртни случаи, но дека врз основа на регистрираните нови случаи во еден ден, може да се очекува дека оваа бројка многу брзо ќе стане двоцифрена.

Тој предупреди дека полнењето на болниците, што се очекува, ќе доведе до критична состојба и додаде дека засега се примаат само пациенти со тешка и средно тешка клиничка слика.

Тој објасни дека од вкупниот број на заразени на дневна основа, околу 15 проценти имаат потешка клиничка слика, а на околу пет проценти од нив им е потребна интензивна нега и респиратор.

Пополнувањето на капацитетите ќе се одвива забрзано во текот на неделата, и проблемот ќе се влошува, рече Кон.

Тој спомена дека побарал официјална забрана за контакти бидејќи, како што рече, мерките во форма на препораки не се почитуваат доволно.

Овој проблем се решава со строго спроведување на мерките, но засега административно-бирократскиот дел во однос на самите мерки, како и надзорот над спроведувањето на домашна изолација, доцни малку, и тоа треба да се поправи, рече Кон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе