Вести Ковид19 Македонија Најважни

По заразувањето на Спасовски, едно решение за самоизолација, а кабинетот дома самоиницијативно- во МВР вкупно 137 полицајци се активни случаи на корона

По епидемиолошките анкети со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, едно лице за кое е оценето дека имало средно односно високо ризичен контакт со него добило решение за самоизолација, соопшти директорката на ДСЗИ Иринка Бухова.

Целото крило каде се наоѓа канцеларијата на Спасовски на првиот кат во глвната зграда на МВР во моментот е празно бидејќи сите вработени таму превентивно се во изолација.

– Превентивно, уште од првиот момент лицата од најтесниот круг на министерот, се во самоизолација до добивање на насоки од здравствените власти, ни одговорија од МВР.

Во моментот во МВР има 137 позитивни на корона вирусот. Бројката заразени полицајци е за 4 поголема од претходниот ден. Уште 209 полицајци и вработени во МВР се во изолација поради контакт со заразено лице.

Во МВР од почетокот на кризата, бројката на заразени се движи меѓу 80 и 120 активни случаи, иако има зголемување на оваа бројка. Пред 6 дена во четвртокот МВР имаше заведено 110 позитивни припадници. Денеска бројката е поголема за 27, односно за помалку од една недела бројот на активни случаи во МВР се зголемил за 24,5%.

Меѓу заразените е и министерот Спасовски, а вчера беше регистриран втор случај на починат припадник на МВР од корона. Почина техничкиот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски кој раководеше со велешката полиција од јуни до крајот на изборниот процес оваа година. 41-годишниот Ангеловски поради сериозни и тешки симптоми бил 12 дена на лекување на Инфективната Клиника во Скопје каде почина прексиноќа.

Ангеловски е спортист, поранешен специјалец, а своевремено беше и дел од обезбедувањето на поранешната министерка Гордана Јанкуловска. Претходно пролетта во домашни услови, во Куманово, почина граничен полицаец два дена по утврдувањето на заразување со корона вирус.

Спасовски викендот беше присутен на дигиталниот партиски конгрес на СДСМ, а два дена подоцна објави дека е позитивен на вирусот. Во партијата беа присутни повеќе функционери кои се дел и од владиниот врв, а премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција (генерален секретар на СДСМ) Љупчо Николовски се тестирале и добиле негативни наоди.

Во СДСМ е заболена и портпаролката Богданка Кузеска, а во деновите пред конгресот како заразени се регистрирани уште најмалку два члена на партиските служби, иако дел од нив веќе ја прележале болеста.

За конгресот и за сите останати активности од СДСМ велат дека се почитуваат мерките за заштита.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе