Ковид19 Најважни

Патот за ковид – тест и до 80 километри

Викендов ковид – пунктовите во Скопје, работат во смени.

Отидовме на обиколка. Од пунктот во Јане Сандански, кај Идадија, до пунктовите во приватните болници и Институтот за јавно здравје.

Таму  го сретнавме Мишев Митко, 72 годишен жител на Градско.

Откако лаборантот му зел брис пред пунктот , чекаше да го тестираат и неговиот роднина, со кој возеле 80 километри за да направат ковид – тест.

Вели дека се плаши ,затоа што  ако тестот испадне позитивен, не ќе може да си ги гледа најблиските.

Откако ги тестираа , внесоа во системот, тргнаа назад во Градско. Ваквите примери на праќање од еден во друг град за тестирање деновиве го вклучи алармот кај здравствените власти па затоа овој празничен продолжен викенд лабароториите работата со зголемен капацитет, а од наредната недела се очекува и да се отворат нови термини, најавија од министерство за здравство.  А, како што дознава Телма утре на пункт во поликлиника Ѓорче ќе пристигнат 4000 брзи тестови, а  еден тест ќе чини 1000 денари.

Освен борбата за термин за тест, есенскиот бран ги наполни и болниците. Модуларната болница во дворот на Инфективна веќе прима пациенти, следна за прием на болни од Ковид 19 е детската болница во Козле каде има 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од Ковид-19.

„Во моментов во Детската клиника „Козле“ хоспитализирани се 12 деца и 12 мајки . Кај шест деца и 7 мајки е потврден Ковид – 19 . Во комуникација сме со Министерството за здравство и чекаме дозвола за да почнеме да функционираме како КОВИД – центар“ – изјави за Телма, д-р Ангелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.

Од март месец до сега повеќе од 200 000 граѓани се тестирале за корона , заболеле повеќе од 26.000 – а есенскиот бран донесе 7000 активни случаи на ковид.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

„Ако 13 години не сме примиле нови членки, пропустите лежат и на страната на Европската Унија“ рече Мерц и најави промена на процесот на проширувањето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе