Ковид19 Македонија Најважни

Расте бројот на заразени во Прилеп

Драматично расте бројот на заболени од Ковид-19 во Прилеп. Меѓу заразените има 2 наставници од две прилепски основни училишта, кои држеле настава со физичко присуство, а во изолација се 30 ученици. Позитивни се 2 негувателки и воспитувачка од две прилепски градинки, од каде во  изолација се 35  деца

Преземени се сите епидемиолошки мерки по протокол, извршена е епидемиолошка анкета, учениците се испратени во излација на 15 дена и испратени се на лекување наставницитте. Децата од градинките се во изолација, а на лекување се негувателките и воспитувачката што беше позитивна, вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски. 

Пради позитивни вработени, затворени се  две текстилни фабрики. Заболени се и 10 здравствени работници во општата болница во Прилеп, што дополнително ја усложнува работата на оваа здравствена установа, каде капацитетите се полнат со ковид пациенти, а кадарот се намалува.

Со оглед на влошувањето на здравтсвента состојба и зголемување на заболени од КОВИД ќе мора да го редуцираме бројот на останатите пациенти во другите одделение, за д аможеме да одгпвориме на барањата и да одговориме на неддостигот на здравствен персонал. Со одредени редукции во сменското работење ќе одговориме, вели Драги Богојевски, директор Општа болница Прилеп.

Во Прилеп има 237 активни случаи, 36 се на болничко лекување, а во изолација 600 лица.Од Кризниот штаб на Прилеп велат дека доколку целосно се исполнат капцитетите во прилепската болница, пациентите ќе се испраќаат во болницте низ државата каде ќе има слободни места.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Дејан Дејан

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе