На граничниот премин Блаце редици, на Табановце речиси и да нема сообраќај. Вака денеска изгледаше северната граница откако стапи на сила одлуката на Владата со која се укинува задолжителниот ПЦР тест за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез во нашата држава во рамките на регионална иницијатива која ја поддржаа сите а ја спроведоа само Македонија и Косово. Тестовите останаа задолжителни за македонските државјани доколку патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
На Блаце утрово раздвижено. Голем број македонски државјани ја искористија можноста да патуваат без ПЦР тестот и да заштедат педесет евра или повеќе. Повеќето од нив велат дека одат на гости кај свои роднини, а некои само на прошетка до трговските центри кај Урошевац и Приштина.
И во обратната насока имаше возила. Некои работно во Скопје, некои само на прошетка. Мора да се работи и добро е што ги отворија границите.
Според официјалните инфромации на МВР само до 11 часот на овој граничен премин транзитирале 3.700 патници. 1.800 македонски државјани заминале за косово а во обрана насока се упатиле 976 косовски државјани. За илустрација, во последните пет дена на Блаца реанзитираа вкупа 12.000 патици ид коии само 800 беа македонски државјани.
Гости и гориво, тоа се двете најчести причини на српските државјани кои влегоа во Македонија преку Табановце.
Од МВР соопштија дека утрово преку Табановце транзитирале 1.800 патници од кои половина се македонските државјани
Владата вчера вечер,преку соопштение информираше дека тестовите остануваат задолжителни за македонските државјани но информацијата дури утрово се прошири во јавноста. Во соопштението стои и дека одлуката за укинување на ПЦР тестот ќе се ревидира.
Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест, велат од владата,
Колку време ќе може без никакви протоколи да се влегува во Македонија останува да се вид но според информациите на Телма, Владата уште на следната седница која ќе се одржи утре или најдоцна задутре ќе расправа за повторно воведување на ПЦР тестовите при влез во Македонија.
Огнен Чанчаревиќ