Свет Топ вести

Новиот судија на Врховниот суд, да се бира по изборите, бара Бајден

Демократскиот кандидат на американските претседателски избори, Џо Бајден, вчера побара од американскиот Сенат, во кој доминираат републиканците, да не се изјаснува за новиот кандидат на Врховниот суд пред претседателските избори.

Бајден планот на сегашниот претседател и негов противкандидат, Доналд Трамп, за избор на судија го оцени како израз на „сурова политичка моќ“.

Намерата на претседателот пред изборите на 3 ноември да назначи личност која ќе ја замени починатата Рут Бадер Гинзберг, едноставно е да оствари сурова политичка моќ, рече Бајден во предизборниот говор во Филаделфија.

Британските медиуми проценуваат дека номинацијата на кандидатот на Трамп пред претседателските избори, доколку биде поддржана од Сенатот, ќе го „зацементира“ конзервативното мнозинство во Врховниот суд. Покојната судијка Рут Бадер Гинзберг беше истакнат либерал. До нејзината смрт, односот во Врховниот суд беше 5: 4 во корист на конзервативците.

Според британските медиуми, ова може да влијае на американските закони и живот во следните децении, имајќи предвид дека мандатот на судија на Врховниот суд е доживотен.

Бајден рече дека доколку победи на изборите, ќе мора да има шанса да предложи нов судија на Врховниот суд и повтори дека ќе номинира афро-американка, што ќе биде преседан во Врховниот суд на САД.

Анкетата на агенцијата Ипсос на целата територија на САД по објавувањето на смртта на судијката Гинзберг, доведува до заклучок дека многумина Американци не се согласуваат со планот на Трамп.

Анкетата покажа дека 62 проценти од Американците се согласуваат дека победникот на претседателските избори треба да го пополни Врховниот суд, додека 23 проценти не мислат така, а останатите не се сигурни.

Според анкетата на Ипсос, 80 проценти од демократите и 50 проценти од републиканците се согласуваат со одложување на постизборното назначување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Ќе има ли нов скок на инфлацијата – статистика утре треба да ги соопшти податоците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе