Вести Ковид19 Свет

Во Италија објавени упатства во случај на зараза во училиште

Повеќе милиони ученици во Италија ќе се вратат во училиштата на 14 септември, кога започнува новата учебна година во земјата, а италијанските здравствени власти воспоставија правила за спречување на ширење на Ковид-19, стравувајќи од нов бран зараза во есен.

Враќањето на децата во училиште за време на пандемија е важен чекор за Италија, првата европска земја што воведе строги мерки за карантин на целата територија на почетокот на март поради коронавирусот, и по околу три месеци постепено излезе од блокадата.

Италијанското Министерство за здравство и Високиот институт за здравство објавија упатства за спречување на ширење на коронавирусот, од идентификација на заразени ученици или наставници, до карантин.

Едно од правилата е семејството да ја проверува телесната температурата на детето секој ден пред да оди на училиште.

Доколку во училиштето постои сомневање дека ученик е заразен, се препорачува возрасно лице со хируршка маска на лицето да го изолира во одреден простор каде што ќе ги чека родителите, кои се предупредени откако ќе дојдат дома што е можно побрзо да контактираат со педијатар или матичен лекар кој ќе одлучи дали е неопходен тест за Ковид-19.

Ако тестот за Ковид-19 е позитивен, потребно е да се идентификуваат контактите и да се преземат соодветни мерки, вклучително и карантин за соученици, наставници и други кои спаѓаат во блиски контакти.

Еден позитивен случај, сепак, нема да доведе до затворање на институцијата, туку одлука ќе се донесе врз основа на бројот на потврдени случаи.

Доколку се појават симптоми кај наставници и други работници во училиштето, се очекува да се вратат дома и да се јават кај доктор.

Засега останува во сила одлуката, која беше критикувана, дека маските се задолжителни за деца постари од шест години кога престојуваат во затворен простор и кога седат на маса каде не е можно растојание од најмалку еден метар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски со тврдење: Украинската војска е прилично отпорна, најотпорна во Европа, големо мнозинство на Украинци се против отстапки кон Русија

Дејан Дејан

Зеленски: Не можам да ја продадам својата земја, САД испорачаа околу 100 милијарди поддршка, а бараат 500 милијарди во минерали, тоа е несериозно

Дејан Дејан

Трговците со реакција на одлуката на Владата, бараат итна средба со премиерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе