Избори 2020 Македонија Најважни

Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели

„Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, се вели во соопштението испратено од поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски.

Како поткрепа на своето тврдење тој ги наведува следните примери:

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе