Ковид19 Македонија Најважни

88 новозаболени и шест жртви, анализата на ИЈЗ покажува дека бројките паѓаат

88 новозаболени, 113 оздравени пациенти и шестмина починати е билансот од епидемијата на коронавирусот во последното деноноќие. Најголем број од новите случаи се регистрирани во Скопје- 23, а потоа се Струга со 11 и Штип со 10. Новозаболени се регистрирани во 17 града низ дражавата. Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања а 5,8 отсто се позитивни.

Од почетокот на епидемијата борбата со вирусот ја загубија 511 пациенти.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови, велат од Министерството за здравство.

Во моментов активни се 3.557 случаи а гледано по градови, Скопје останува најголемото жариште во државата со 1.303 активни случаи. Троцифрени бројки на заболени има и во Штип -443 , Гостивар – 288, Куманово – 262, Тетово – 212, , Струга – 187,Свети Николе – 134 и Кичево каде има 109 заболени. Активни случаи во нема само во два града – Валандово и Пехчево.

Во моментов хоспитализирани се 383 лица.

Во Инфективната клиника има 88 пациенти од кои 51 се на кислородна поддршка а еден е приклучен на респиратѕор,. Во болницата во Козле има 11 возрасни пациенти, пет деца како и двајца пацинети кои се суиспектни на вирусот.

Во Градската болница се хоспитализирани 79 пациенти од кои четворица се приклучени на респираторна машина.

Според ИЈЗ и во текот на минатата недела продолжил трендот на намалување на бројките на новозаболени и на починати а зголемување на бројката на оздравени пациенти како во домашни така и во болнички услови. Во периодот од 27 јули до 2 август  регистрирани се 912 заболени што е за 4,6 отсто помалку од перидото од 20 до 26 јули. Направени се 9.709 тестирања а просекот на позитивни тестови е 9,4 отсто за разлика од 10те отсто неделата претходно.

Новозаболени има во 28 града низ државата а нјамногу се во Скопје – 27,9%  во градот кој е насјголемото жариште во државата трета недела по ред процентот опаѓа. Минатата недела Штип со 12,2отсто и Гостивар со 11,2отсто од вкупниот број на нови случаи се критичните градови во државата.

Повторно најголем број на заболени се над 60 години – 22,9 отсто а зголемување има кај старосната група од 30 до 39 години каде се регистрирани 19,4 отсто од 912те заболени.

Од вкупниот берој на новодијагностицирани 136 лица, или нешто над 15 отсто се хоспитализирани.

Во периодот од 07 јули до 2 август  1.032 пациенти го добиле и вториот негативен тест што е за речиси 40 лица повече од неделата претходно а битката со вирусот ја загубиле 29 пациенти.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе