Избори 2020 Македонија

ДУИ отфрлаат соработка со Левица, за ВМРО-ДПМНЕ имаат црвени линии

ДУИ отфрлаат можност за каква било соработка со партијата Левица. Во интервју за албанскиот медиум „Шчип“, најблискиот соработник на Али Ахмети, Артан Груби, вели дека веќе преговараат за формирање на парламентарно мнозинство и влада, но дека во партијата чекаат да помине целиот жалбен процес, „за да ја засилат комуникацијата со СДСМ“. Иако во предизборието двете партии остро се напаѓаа, алтернативната варијанта што би значела коалиција со опозициските партии, сега се отфрла.

Без двајцата пратеници од Левица, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ би располагале со 59 гласа, што не е доволно за формирање парламентарно мнозинство. Со СДСМ, како што вели Груби, и сега како актуелни владини партнери имаат секојдневни контакти кои очекува да се засилат со формирање на новите институции. Неговиот сопартиец, Бујар Османи, пак, синоќа во Топ Тема ги кажа црвените линии на ДУИ, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.

Со амбицијата со нивниот кандидат за премиер, од ДУИ велат дека ќе влезат подоцна, кога ќе добијат гаранции за договорите.

Социјалдемократите, пак, деновиве се на одмор. Комуницираат само преку соопштенија, во кои велат дека, процесот на преговори за можна коалициска соработка ќе почне по илинденските празници.Се обидуваат да го засилат мнозинството со обиди, некој од опозициските пратеници да премине во нивниот табор

Во партијата не гледаат потреба за широка коалиција, а се отфрла и можноста да се прифати премиер на ротација.

Од Алијанса за Албанците ја отфрлаат можноста за коалиција со ДУИ, велејќи дека тоа би бил хибрид, неодржлив на подолг рок. Црвени линии најавуваат и од ВМРО-ДПМНЕ, кои иако ги изгубија изборите, сепак сметаат дека тесната разлика им дава право да се обидат да формираат мнозинство. Централниот и Извршниот комитет неделава го овластија претседателот на партијата Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство. Тој најави дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување. Комбинации има многу, но во речиси сите, мнозинството би било нестабилно.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе