Избори 2020 Македонија Најважни

Управниот суд ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и Моро

Управниот суд веќе одби 17 од вкупно 101 тужжба поднесени од Левица. А за останатите ќе се одлучува во текот на денот, потврдија од судот за Телма.

Управниот суд денеска има закажано јавни расправи и за тужбите од СДУ и на МОРО Работничка партија, а треба да се закажат рочишта и за ВМРО ДПМНЕ. Тужбите се за одбиените приговори од Државната изборна комисија поврзани со изборни нерегуларности.

Левица поднесе 101 тужба, а преку соопштение известуваат дека ДИК им ги отфрлила приговорите без воопшто да ги разгледа, а решенија се изработени на однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција, пишуваат од Левица. Очекуваат Управниот суд да ги усвои тужбите и да го поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите. Според нив, украдени им се 3 пратенички места или повеќе од илјада и 500тини гласови.

Управниот суд вчера ги одби 75-те тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и тужбата на Интегра. Алијанса и алтернатива се сомневаат во тоа дека на голем број избирачки места е впишано дека луѓе кои се починати или во странство, сепак, како да гласале. Бараат судот да им дозволи увид во избирачките списоци и кутии.

Во текот на вчерашниот ден две тужби против одлкуките на ДИК поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. До Управен пристигнаа и две тужби од партијата Демократи, една од Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МОРО Работничка партија.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд, според роковникот за изборни дејствија, е должен да донесе одлука најдоцна 60 часа од приемот на тужбата.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување  конститутивната седница на Собранието е 4 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе