Избори 2020 Македонија Најважни

На партиите не им се брза, преговорите за коалицирање засега неформални

Август ќе биде месецот во кој политичките партии ќе ги отворат картите и формално ќе ја почнат трката за формирање парламентарно мнозинство и најмалку 61 пратеник на свое конто, со кое би го добиле мандатот за формирање влада. Засега од сите страни само се опипува пулсот – што се нуди и што се бара за коалицирање, но детали не се откриваат.

Според информации до кои дојде Телма неформалните разговори меѓу партиите се во тек, но сигналот кога тие ќе се официјализираат ќе биде објавувањето на конечните резултати и потврдата на мандатите на новиот собраниски состав од страна на Државната изборна Комисија.

Социјалдемократите чекаат нивниот лидер да се врати од одмор и по продолжениот викенд за 2 Август да почнат формалните разговори за коалицирање. Од таму за Телма неофицијално велат дека и во моментов каналите на комуникација со сите партии се отворени, но се неформални.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлаат информацијата која деновиве проструи во јавноста дека е можно од нивните редови во спротивниот табор да заминат неколку пратеници од нивните помали коалициски партнери. Од партијата се децидни дека помалите коалициски партнери тоа не го направиле во најтешките мигови за партијата и оти тоа нема да се случи сега. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека веќе започнале контакти со сите албанските партии за формирање парламентарно мнозинство и добивање на мандатот за формирање влада.

Од ДУИ пак за Телма кратко одговорија дека идната недела ќе ги стартуваат разговорите кои би воделе кон формирање на владино мнозинство.

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива потврдија дека неформални контакти за формирање владина коалиција веќе се започнати, а како што дознава Телма тие засега со водат само со една една страна од македонскиот политички блок. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, деновиве во неколку наврати изјави дека нивно коалицирање во влада заедо со ДУИ е невозможно бидејќи тоа би било создавање на хибрид кој не би функционирал. Таравари исто така ја отфрли и можноста пратениците на Алтернатива да ја напуштата нивната коалиција и да коалицираат со друга партија.

Во меѓувреме Алијанса за Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија протести, поради, како што обвинуваат тие, кражба на гласови и полнењето на кутии од страна на ДУИ на изборите. Под слоганот „Избори ДА, крадење НЕ“  в понеделник попладне од паркот во Чаир тие ќе тргнат кон Делегацијата на ЕУ во земава и ДИК за да го изразат својот револт.

Лидерот на Левица веќе најави дека нема да коалицираат во ниедна влада и оти со своите два пратеника ќе дејствуваат како опоизиција во Собранието.

Иако релациите за можни коалиции се веќе воспоставени, од партиите сепак велат дека е рано за какво и да се информации за можно коалицирање. Она што е извесно е дека засега на партиите не им се брза и оти идните десетина дена ќе ги искористат за правење на крајнитепресметки, што добиваат, а што губат во сите можни комбинаторики за формирање на идна влада.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе