Избори 2020 Македонија Најважни

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со различни математики, ДУИ најави дека орелот се врати, а Левица обвинува за кражба

Кредибилитетот за формирање на влада го има ВМРО ДПМНЕ. Со ваква изјава излезе лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, откако ја преспа долгата ноќ во која се пребројуваа гласовите. Според неговата математика вмро дпмне е победник и покрај тоа што коалицијата СДСМ – БЕСА освоила 10 илјади гласови повеќе. Подготвен е во наредните денови да преговара за влада, не и за премиер – Албанец.

Математиката на СДСМ, лидерот  Зоран Заев ја објави доцна по полноќ. Коалицијата Можеме води со тројца пратеници пред ВМРО ДПМНЕ. Беса која е дел од оваа коалиција, денеска убедува дека главната разлика е создадена во шестата изборна единица.

Орелот се врати, ваква беше пораката на ДУИ која прва прогласи победа. Во албанскиот блок се со најмногу мандати, на етничките албанци им ветија дека нема да ги изневерат.

Алијанса за албанците и покрај тоа што очекувуше победа до доцна во ноќта, сепак е втора по бројот на освоени пратенички места во албанскиот блок.

И додека се уште се пребројуваа гласовите, партијата која за прв пат влегува во македоснкото собрание обвини за грабеж. Неформалниот лидер на Левица на фејзбук напиша дека се работи за невиден изборен грабеж.

Димитар Апасиев – неформален лидер на Левица на ФБ напиша: Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија! Одиме до КРАЈ!!!

Во соранието со свој пратеник влегува и ДПА. Конечната математика на гласовте сепак ќе ја има Државната изборна комисија, по тоа и ќе следуваат калкулациите за владеачки коалиции.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе