Вести Наука и здравје Свет

Шведскиот научник Сванте Пабо е добитник на Нобеловата награда за медицина

Шведскиот научник Сванте Пабо е годинашен добитник на Нобеловата награда за медицина. Неговите откритија за човечката еволуција дадоа клучни сознанија за нашиот имунолошки систем и она што нè прави единствени во споредба со нашите изумрени братучеди, соопштија панелистите на наградата.

Пабо го предводи развојот на нови техники кои им овозможија на истражувачите да направат споредба на геномот на современите луѓе со геномот на другите хомини, како неандерталците и Денисовците.

Пабо ги завршил своите наградни студии на Универзитетот во Минхен во Германија и на Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“ во Лајпциг.

Неговиот татко, Суне Бергсторм ја доби Нобеловата награда за медицина во 1982 година.

Со наградата за медицина, започнува неделата на доделување на признанијата и за останатите области. Во вторник (4 октомври) ќе биде познат добитникот на Нобеловата награда за физика, во среда (5 октомври) за хемија и во четврток (6 октомври) за литература.

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2022 година ќе биде познат во петок (7 октомври), а на Нобеловата награда за економија на 10 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе