Спорт Фудбал

Ливерпул се спаси во финишот, Баерн ја совлада Барселона

Двата дуели на поранешните европски шампиони во денешните мечеви победи на домаќините. Ливерпул славеше над Ајакс со 2:1 додека Баерн ја совлада Барселона со 2:0.

Ливерпул долго време се мачеше да стигне до толку посакуваната победа. Тимот од Енфилд поведе во 17-тата минута со голот на Салах, а само десет минути подоцна израмни Кудус.

Потоа следуваше доминација на домаќините и по голем број не реализирани шанси во 89-тата Матип му донесе победа на составот предводен од Јирген Клоп.

Баерн до победата над Барселона дојде со два гола постигнати за само четири минути. Каталонците не реализираа неколку шанси и во почетната фаза од второто полувреме Лукас Ернандез и Лирој Сане му ја донесоа победата на домаќинот.

Во останатите мечеви се случија неколку изненадувања особено во Б групата.

Баер Леверкузен го совлада Атлетико Мадрид со 2:0, а Бриж како гостин го декласираше Порто со 4:0.

Во Ц конкуренцијата, Интер без проблеми забележа победа од 2:0 над Викторија Плзен, а изненадувачки беа епилозите и на дуелите во Д групата.

Спортинг од Лисабон го совлада Тотенхем со 2:0, а Ајнтрахт Франкфурт како гостин славеше над Олимпик Марсеј со 1:0.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе