Светската фудбалска федерација соопшти дека за натпреварите на Мундијалот во Катар до овој момент продадени се 2,45 милиони билети од кои 500.000 во периодот од 5 до 16 јули.
Во извештајот се потенцира дека најголем интерес до овој момент има за шест меча и тоа Камерун – Бразил, Бразил – Србија, Португалија – Уругвај, Костарика – Германија и Австралија – Данска.
Меѓу оние кои купиле најмногу билети за натпреварите на Светскиот куп се жителите на Саудиска Арабија, САД, Мексико, Обединетите арапски емирати, Англија, Бразил, Велс и Австралија.
ФИФА најави дека наскоро во продажба ќе го пушти последниот контингент на влезници, но се уште не е утврден точниот датум. Кога ќе почне on line продажбата ќе стартува и продавањето на билетите на неколку локации во катарската престолнина Доха.
ФОТО: Игор Паневски
