Вести Свет

Вучиќ и Курти денеска на одвоени средби со Столтенберг

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска, на одделни средби во Брисел ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ден пред новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курти, а по одвоените разговори најавени се прес-конференции за Столтенберг и Вучиќ во 15 часот и 30 минути, а Столтенберг и Курти во 17 часот.

Вучиќ минатата недела изјави дека ќе разговара со Столтенберг поради улогата што НАТО и КФОР ја имаат во Косово, потсетува Бета.

Тоа ќе бидат понатамошни разговори за воспоставување добра соработка, добра комуникација, што е многу важно во моменти на криза. Се надевам дека ќе имаме добар разговор. Веќе имавме телефонски разговор и се договоривме да седнеме и да разговараме за сите проблеми во Косово, особено на север, рече Вучиќ.

За утре е најавена нова рунда од дијалогот Косово-Србија, а ЕУ соопшти дека ќе се разговара за сите отворени прашања, повторувајќи дека за Брисел „најважно е двете страни да ги прекинат непријателствата, со запаливи пораки и тензии и да постапуваат одговорно“.

Вучиќ во пресрет на дијалогот рече дека е клучно да се донесе одлука за спроведување на договорот за Заедницата на српските општини на Косово.

Курти, пак, вели дека разговорот мора да се фокусира на меѓусебното признавање и рече дека не сака да разговара за спорот околу регистарските таблички и личните карти за Србите во Косово.a

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе