Вести Македонија Топ вести

Лазарова Трајковска: Конфискацијата на имот е многу значајна мерка во борбата со криминалот

Белата палата со уште 30тина опозициски седишта ,  долгиот список со имот на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и Плацеви на Водно се трите големи случауи на кофискација годинава во кои јавноста броеше милионски суми што треба да се врати во на државата. Но ова не е честа вест од судниците. Цела измината година на подрачјето на 10тина обвнителства во подрачјето на Битола и Гостивар немало ниту еден предмети во кој бил конфискуван имот. Ова се податоци од годишниот извештај на јавното обвнителстово за 2021 според кои само три суда донеле пресуди со конфискација. Беровскиот  суд пресудил конфискација на украдени дрва во вредност од 630 евра а во струмичкиот суд се конфискувани повеќе беспавно изградени објекти, пари во износ од 537 илјади евра и дрвна маса во вредност од 430 евра. Обвинителстовто за организиран криминал пак . Обивнителстовто за организиран лани барало и добило пресуди со конфискација за 4 ца обвинети при што се конфискувани парични средства,  марихуана и земјиште во вредност од 29 илјади  евра со пресуди се земал имот.

Дали мерката конфискација која важна алатка во борбата со криминалот поретко се предлага од обвинителите и дали недоволно се истражуваат дела поврзани со финансиски криминал од обвинителството ни одговорија

Сите јавни обвинителства истражуваат секаков вид криминал и постапуваат по сите кривични пријави кои им се доставени, вклучувајќи ги тука и оние кои се однесуваат на финансиски криминал. Причините поради кои на подрачјата на одредени обвинителства во тековната година не се донесени пресуди со кои е конфискуван имот веројатно лежат во видот на кривичните дела по кои се постапувало и за кои се изречени пресудите, велат од ЈО.

Врховната судијка Мирјана Лазарова Трајковска која е координаторка на проектот на AIRE/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација,  смета дека треба да се подобруваат и законите и судската пракса

Мерката конфискација на имот може да биде од голема корист, не само за заштита на економијата од корупција, туку правилната примена на конфискација на имот во постапки каде што постои организиран криминал служи за заштита на јавното добро.Јас верувам дека добар закон, добро применет во пракса, може да донесе јакнење на владеењето на правото. Корупција, организиран криминал и перење пари ги напаѓа јавните добра и не смее да остане неказнет(а), па мора да се одземе она што не им припаѓа на сторителите на ваквите криминални активности, вели врховната судијка Мирјана Лазарова Трајковска.

Случајот со конфискацијата Трансмет е постар но ги покажа дека пречки можат да наидат и откако ќе се изрече конфискација при нејзиното извршување.  Од министерството за правда велат дкеа новините во конфискацијата ќе се спроведуваат преку три законски решенија кои се во тек. Кривичниот законик Законот за кривична постапка и законот за управување со конфискуван имот. Целта е да се  надминат слабостите при конфискување на имот да се спречи да се намали врендоста на имотот што ттреба да се одземе но  иу да се зголеми ефикасноста на Агенцијата за управување со одземен имот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе