Спорт Фудбал

Почина легендата на македонскиот фудбал Кирил Дојчиновски

На 78 годишна возраст почина една од легендите македонскиот фудбал Кирил Дојчиновски.

Дојчиновски беше првиот македонски фудбалер кој настапил на Светските фудбалски шампионати. Тој беше дел од репрезентацијата на поранешна Југославија кој учествуваше на Мундијалот во 1974 година што се одржа во Германија.

Дојчиновски кариерата ја почнува во Вардар каде настапува во периодот од 1962 до 1967 година, потоа се сели во Црвена Звезда со која игра во полуфиналето на Купот на шампионите.

Во 1974 година продолжува во Франција и го носи дресот на Троа и ФК Париз.

Тренерската кариера ја почнува како селектор на репрезентацијата на Ел Салвадор, а предводи и екипи од Централна Америка, Луис Алнхел Фирпо и Мунисипал Лимењо.

Бил тренер и во Ираклис, а во Македонија работи како предводник на Вардар, Пелистер, Македонија, Брегалница Делчево и Брегалница Штип.

Тренерската кариера ја завршува во Вардар во 2008 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вардар надигран од Купс на враќањето во Лигата на шампиони

Sportska Redakcija

Епски пресврт на Аргентина против Египет: Од 0-2 до четвртфинале на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Кошаркарите ги дознаа можните противници во втората фаза од претквалификациите

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе