Македонскиот шампион и Шкупи и во второто соочување со Шамрок Роверс доживеа пораз. Овој пат првакот на Република Ирска, славеше со 2:1.
“Не постоеше тој среден ред во првиот дел. Кога почнавме да играме малку во второто полувреме, примивме гол кој беше клучен. Налетавме на добра екипа, агресивна, и уште еднаш честитки за противникот. Направивме три измени на полувремето, внесоа свежина, но после првиот гол кога го примивме малку почнавме да играме за себе фудбал, и тука малку сум лут на играчите затоа што правевме многу грешки. Противник како Шамрок кој е прв во Ирска, не простува. За вакви натпревари уште сме далеку од нив. Во првите 10-15 минути од вториот дел кога правевме шанси, Шамрок постигна погодок. Кога нема да постигнеш гол, противник на вакви мечеви ќе те казни”, изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.
ФОТО: Игор Паневски
