Познати се полуфиналните двојки на Светското младинско првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Скопје.
Во трката за медали останаа три селекции од Европа, Холандија, Данска и Унгарија, а честа на остатокот од светот го брани Јужна Кореа која според прикажаната игра се вбројува и меѓу главните фаворити за златото.
В понеделник во арената Борис Трајковски се играат полуфиналните мечеви. Од 18 часот и 15 минути се среќаваат Холандија – Данска, а од 20:30 почнува дуелот Јужна Кореа – Унгарија.
ФОТО: Игор Паневски



















