За бугарската влада завршил тежок процес на преговори, во кои двете Влади покажале храброст и политичка волја за надминување на несогласувањата. Ваквиот став го впишаа во писмена декларација по повод потпишувањето на билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија кој беше потпишан вчера. За бугарската страна е особено битно што се заштитуваат правата на Бугарите во Македонија, но и бугарскиот национален интерес. Во документот се наведува дека почнува нова страница во односите меѓу двете земји и народи, кои ќе ги постави основите за взаемна доверба и почитување, ќе ги зајакне врските во сите области и уште повеќе ќе ги зближи луѓето од двете страни на границата.
Без граници меѓу нас, но со почит едни кон други – тоа е европски начин да се развиваме заедно. Немаме излузија дека со тоа сите проблеми меѓу двете држави се решени. Но ние веруваме дека веќе имаме јасна основа, изградена врз европски вредности и принципи, врз основа на кои ќе ги решаваме меѓусебните прашања, се вели во писмената декларација од софија.
Од друга страна Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева во изјава за БНТ посочи дека најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот. Тој има разлики, но е напишан ’45 година, на основа на бугарскиот дијалект“, вели Захариева. За Словенечкиот амбасадор во земјава во преговорите Бугарија, но и било која друга земја членка на Европската унија, би можела да ја блокира Македонија, вклучително и за прашањето за македонскиот јазик. Сепак убедува дека јазикот веќе е признаен од 26 земји членки и ке биде официјален јазик во ЕУ откако земјава ќе влезе во унијата.
Сигурно дека 26 земји членки кои го признаваат македонскиот јазик не може да прифата вето замо за тоа што една држава членка има резерва кон јазикот. Но, знаете во текот на преговорите ќе има многу ситуации каде ќе може да се создадат некакви пречки и тоа не само од страна на една членка. Тоа сите кои преговаравме го доживеавме, вели словенечкиот амбасадор милан предан.
Владата во Бугарија пак во декларацијата вели дека со потпишувањето на протоколот и по спроведувањето на соодветните уставни измени, Македонија си го отворила патот кон преговорите за членство во ЕУ.
Билјана Николовска
