Вести Македонија Најважни

Амбасадарот на Словенија Предан: Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки и ќе биде официјален јазик на ЕУ

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки на Европската Унија, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ. Секако, една земја членка секогаш има право со некои еднострани изјави да искаже некои свои резерви, но тоа сигурно нема да има никакво влијание на статусот на македонскиот јазик во ЕУ, изјави денеска во Скопје амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан.

Предан, одговарајќи на новинарски прашања пред информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања  и Амбасадата на Словенија за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти, нагласи дека сигурно 26-те земји членки кои го признаваат македонскиот јазик, како македонски јазик, не можат да го прифатат ветото поради тоа што една земја членка има резерви за јазикот.

– И Словенија мораше на барање на еден од соседите да го промени Уставот. Доста слична ситуација во тој поглед и ние тогаш едноставно проценивме дека целта, да се влезе во ЕУ е поважна од тоа. Така што, тоа не е ништо ново. Сите што преговарале со ЕУ биле во ситуација да имаат некои пречки во тој процес, но она што е најважно е дека македонскиот воз кон ЕУ конечно тргна или ќе тргне, изјави Предан.

Во однос на сите отворени прашања и стравови, Предан, рече дека е многу подобро да се преземе ризикот, отколку да се остане каде што сме сега.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе