– Над 1.000 италијански градоначалници потпишаа петиција со што се бара премиерот Марио Драги, кој во четвртокот понуди оставка, да остане на својата должност.
Претседателот Серџо Матарела не ја прифати оставката на Драги и го повика „да му се обрати на Парламентот … со цел да се процени ситуацијата“.
Италијанскиот премиер сакаше да си даде оставка поради неучеството на Движењето 5 ѕвезди, член на коалициската влада, во гласањето за доверба, побарано од Владата.
Градоначалниците во петицијата го осудија „неодговорното однесување“ на Движењето 5 ѕвезди.
Поранешниот премиер Силвио Берлускони и лидерот на екстремната десница Матео Салвини, чии партии Напред Италија и Северна лига се дел од владинското мнозинство, изјавија дека веќе не можат да соработуваат со Пет ѕвезди поради нивните „нестручност и несигурност“.
Берлускони и Салвини, во заедничкото соопштение, наведоа дека се подготвени за избори „дури и на краток рок“. Инаку, изборите беа планирани за почетокот на 2023 година.
