Вести Свет

Градоначалниците сакаат Драги да остане премиер на Италија

Над 1.000 италијански градоначалници   потпишаа петиција со што се бара премиерот Марио Драги, кој во четвртокот понуди оставка, да остане на својата должност.

Претседателот Серџо Матарела не ја прифати оставката на Драги и го повика „да му се обрати на Парламентот … со цел да се процени ситуацијата“.

Италијанскиот премиер сакаше да си даде оставка поради неучеството на Движењето 5 ѕвезди, член на коалициската влада, во гласањето за доверба, побарано од Владата.

Градоначалниците во петицијата го осудија „неодговорното однесување“ на Движењето 5 ѕвезди.

Поранешниот премиер Силвио Берлускони и лидерот на екстремната десница Матео Салвини, чии партии Напред Италија и Северна лига се дел од владинското мнозинство, изјавија дека веќе не можат да соработуваат со Пет ѕвезди поради нивните „нестручност и несигурност“.

Берлускони и Салвини, во заедничкото соопштение, наведоа дека се подготвени за избори „дури и на краток рок“. Инаку, изборите беа планирани за почетокот на 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе